Богдановиќ: Холидеј Ин и се што се случува на тој терен е поради претходниците

фото Фејсбук

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, одговорноста за веќе извесното градење спроти Холидеј Ин ја префрли кон неговите претходници, односно поради тоа што се случувало во минатото.

-Се што се случува на тој терен е поради нешто што се случувало во минатото. Се обидовме да ги измениме тие планови, но, за жал, по пресудата од Уставниот суд, ни беше укината таа можност и немавме начин за спречување на друг процес понатаму, бидејќи тоа ќе беше само на штета на оштината – рече Богдановиќ на Канал 5 во гостувањето на емисијата „Жешко политичко лето“.

Според него, ако како општина правите нешто на своја рака, можете да платите огромни пенали, а да не постигнете ништо.

„Нашата задача е да продолжиме со ревидирање на плановите и во начинот на спроведување на старите постоечки, кои за жал, се потврдени од Уставниот суд. Не се плашам од кривична одговорност, затоа што овој ДУП не го донесов или општината. Општина Центар ги отвори очите за овој предмет“, наведе Богдановиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот