Богдановиќ поднесе кривична пријава против управителот и овластеното лице на „Интермецо“

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ на Фејсбук напиша дека денеска поднел кривична пријава против управителот и овластеното лице на кафе барот „Интермецо“ за отстранување на службена пломба.

„Во Основното јавно обвинителство поднесов кривична пријава против управителот и овластеното лице на кафе барот „Интермецо“ за отстранување на службена пломба, согласно членот 389 од Кривичниот законик.

Кафе барот „Интермецо“ претходно беше опоменуван и санкциониран, вклучително и со две глоби од по 6.000 евра, како и забрана за вршење угостителска дејност во траење од 30 дена. Вработените самоиницијативно ја отстраниле пломбата на објектот и продолжиле со работа уште истиот ден, откако утрината објектот бил запечатен.

Општина Центар и јас како нејзин градоначалник нема да толерираме ничие неодговорно однесување кое ги вознемирува жителите и повторно апелирам до сите сопственици и управители на локалите на територија на општината да се придржуваат до законските одредби за дозволено ниво на бучава и гласност.“, напиша Богдановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот