Богдановиќ додели 150 пакети со прехранбени производи на семејства со висок социјален ризик

Како што соопшти Општината, пакетите кои се состојат од храна и средства за лична хигиена, во континуитет општината ги доделува на вкупно 150 семејства, кои секојдневно се справуваат со предзивикот како да го поминат денот и да се прехранат.

Вкупно 150 пакети со прехранбени производи на семејства со висок социјален ризик кои живеат во Центар подели градоначалникот на Општината Саша Богдановиќ.

Како што соопшти Општината, пакетите кои се состојат од храна и средства за лична хигиена, во континуитет општината ги доделува на вкупно 150 семејства, кои секојдневно се справуваат со предзивикот како да го поминат денот и да се прехранат.

Акцијата се спроведува во рамките на проектот „Нула Глад”, кој општината го реализира во соработка со невладината организација „Банка за Храна”. Проектот има за цел помош и поддршка на социјално загрозените семејства, а преку него општината дава свој придонес во справувањето со сиромаштијата и гладот.

– Организацијата „Банка за храна” е непрофитна, добротворна, хуманитарна организација чија главна дејност е собирање прехранбени продукти и други основни животни намирници, нивно складирање, сортирање и дистрибуција до сиромашните и социјално загрозените категории со посредство на хуманитарните организации, социјалните установи и институции кои, исто така помагаат и се вклучени во борбата против сиромаштијата и гладта, се наведува во соопштението.

На една година од почетокот на акцијата и успешната реализација на проектот „Нула Глад”, претседателот на „Банка за Храна”, Душко Христов на градоначалникот Богдановиќ му доделил благодарница за успешно учество во проектот.

Проектот „Нула Глад” продолжува да се реализира секој месец, до крајот на оваа година, а се реализира со поддршка на маркетите: Рамстор, Кам, Веро, Тинекс, Жито Маркети, Стокомак и Гранап, кои редовно ги обезбедуваат потребните намирници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот