Богдан Дамјановски нов сопственик на „1ТВ“, ја доби без да плати (ФОТО)

Скопјанецот Богдан Дамјановски е физичкото лице кој се легитимирал во Управата за јавни приходи како новиот сопственик на телевизијата „1ТВ“.

фото: „Фејсбук“

Според ИРЛ,  се уште не е направена официјална промена на сопствеништвото на медиумот.

Дамјановски, според УЈП, за преземањето на телевизијата договорено било да не плати, но треба да ги уплати сите долгови на „1ТВ“ и „БМЈ Медиа груп“.

Тој на јавноста не и е многу познат барем во бизнисот со медиуми. Но, затоа го паметат поранешни вработени на поранешната ФАС „11 Октомври“. Во мај 2003 година Дамјановски се нуди да ја преземе фабриката, кога понуди најмногу пари, околу 12 милиони евра. Но, подоцна станува неуспешен купец, бидејќи потенцијалниот сопственик на ФАС „11 Октомври“ не ги исплати долговите на скопската фабрика за автобуси „11 Октомври“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот