Богаташи и манекенки направиле корона-забава: Не се криеме! (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Снимка од забава на Бали во екот на глобалната пандемија на коронавирусот ги разбесни социјалните мрежи, а се работи за приватна забава во една луксузна вила на островот.

Забавата ја организирал богатиот Египјанец Махмуд Атија, заедно со неговата екипа по повод неговиот 21 роденден.

Помеѓу гостите на корона-забавата се нашле и неколку познати инфлуенсерки, како и руските манекенки Ксенија Алдошенко и Ксенија Дорокова. Апелите за држење растојание по се изгледа не делувале кај овие млади луѓе, а скоро сите од нив споделија фотографии на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм

– На Бали сме и не се криеме – пишува една од манекенките, а објавните снимки покажуваат дека на забавата имало преку 40 луѓе, диџеј, море од алкохол и се она што оди со една ваква забава. Се разбира, „единствен проблем“ било работното време.

Индонезија официјално ги нема забрането јавните собирања, но на жителите им е препорачано да останат дома и да избегнуваат масовни собири.

По овие снимки, жителите на Индонезија биле згрозени од тоа што го гледаат и побарале од властите сите странски жители да бидат депортирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот