Богата „златна жила“ откриена во источна Србија, тврдат властите

Богато наоѓалиште на злато е пронајдено кај локалитетот Чока Ракита во општина Жагубица на истокот на Србија, соопшти Министерството за рударство и енергетика на земјата.

Како што се наведува во соопштението, и прелиминарните резултати од технолошките испитувања покажуваат дека е можно да се произведе концентрат од чисто злато, со вкупна искористеност на златото поголема од 93 проценти.

Министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ изјави дека потенцијалните резерви се значајни во однос на количината на руда и содржината на злато.

„Она што треба да се напомене е дека проектот е во фаза на истражување, дека е потребно овие добри резултати да се потврдат преку нови истражувања, а потоа да се подготви студија која ќе ги верификува ресурсите и резервите“, рече Ѓедовиќ.

Информациите за новото наоѓалиште на злато ги изнесе претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на јавниот сервис на 15 декември 2022 година, но не откри каде се наоѓа.

Ова не е првпат српските власти да тврдат дека на територијата на земјата е откриено богато наоѓалиште на злато. Пред околу три години, слично тврдење беше изнесено и за друг локалитет на југот на Србија, каде дури и се споменуваше името на канадска компанија-инвеститор, но од „златната треска“ на границата со Македонија тогаш не испадна ништо.

Каде е златото на Вучиќ?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот