Каде е златото на Вучиќ?

Александар Вучиќ
Александар Вучиќ / EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Откако претседателот на Србија Александар Вучиќ минатиот декември обзнани дека во „една сиромашна општина на југоистокот од земјата“ било откриено големо наоѓалиште на злато, во јавноста постојано се шпекулира околу локацијата, пишува српскиот „Недељник“.

Весникот потсетува дека компанијата ДПМ пред некој ден официјално соопштила оти во близина на нејзиниот проект „Тимок Голд“ на локалитет во општина Жагубица биле пронајдени злато и бакар со висок квалитет.

– Прелиминарните металуршки тестови укажуваат дека издвојувањето на златото е над 93 проценти. Дополнителните тестови се закажани за 2023 година – навеле аналитичарите.

Вучиќ во декември објави дека во Србија се откриени големи наоѓалишта на злато и на калциум карбонат. На почетокот на јануари откри и дека наоѓалиштето е во еден од најсиромашните делови на Србија.

– За едното се знае дека е во Гаџин Хан, а чекам дозвола за да кажам каде точно се наоѓа второто. Општината, дословно, има да процути – објаснил Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот