Канадска фирма во Србија пронајде богато наоѓалиште со злато

Фото: Профимедиа

Во рамки на проектот Тламино пронашле 19,3 тони злато кое вреди нешто повеќе од милијарда долари.

Канадската истражувачка фирма „Medgold Resources“ во Јужна Србија пронајде богато наоѓалиште на злато, пишува српски „Телеграф“.

Речиси 20 тона злато е пронајдено во наоѓалиштата во непосредната граница со Македонија и Бугарија. „Medgold Resources“, имено, имаат лиценци за истражување на овие две подрачја, Доње Тламино и Сурлица Дукат.

Во рамки на проектот Тламино пронашле 19,3 тони злато кое вреди нешто повеќе од милијарда долари. Содржината на злато во тоа место во проеск изнесува околу три грама по тон. Инаку, лежиштата со грам злато по тон, ако ги следат одговарачките количини на руда, се сметаат за профитабилни.

„Medgold Resources“ е во рамки на истиот проект кој пронајде и слој на руда од околу 40 метри кој содржи 8,32 грама злато по тон и речиси неверојатни 193 грама по тон сребро. Нивната цел е да станат водечки истражувачи на злато во Србија и најавија дека имаат план за проширување на своите истражувања и на други делови од оваа земја.

Истражувањата на југот од Србија се започнати уште во педесетите години, кога југословенските државни фирими трагале по олово и цинк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот