ФОТО | Пукање во Русија: Убиени петмина милитанти кои фрлиле бомба кон полицијата, загинаа и двајца полицајци во престрелката

Милитанти фрлиле бомба кон руската полиција и отвориле оган/Фото: Телеграм

Петмина милитанти се убиени во руската република Карачај-Черкесија, откако фрлиле бомба врз полицијата и отвориле оган, при што загинале двајца полицајци, а четворица биле повредени, соопшти денеска полицијата на Телеграм.

Во полициското соопштение се наведува дека напаѓачите од автомобилот фрлиле бомба кон патролата на сообраќајната полиција и отвориле оган од автоматско оружје.

Во конфликтот загинаа двајца полицајци, а ранети се двајца сообраќајни службеници, еден полицаец од областа Курган и еден припадник на Националната гарда, пренесува РИА Новости.

Убиените напаѓачи беа идентификувани како наводни учесници во нападот врз полицајци на 22 април кога убиле двајца полицајци, а еден го оставиле во критична состојба, откако отвориле оган врз нив и украле оружје и побегнале.

Фото: Скриншот/Телеграм

По нив тогаш е распишана меѓународна потерница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот