Бобан Николов се врати во Унгарија, ќе игра за Кишварда

фото: kisvardafc.hu

Македонскиот фудбалер Бобан Николов потпиша за Кишварда, официјално соопштија денеска од унгарскиот клуб.

– Би сакал да можам да играм фудбал барем на исто ниво како што играв како играч на Фехервар. Ќе дадам сè од себе да му помогнам на мојот нов тим да се претстави добро во иднина – вели Николов за клупскиот сајт.

Претходно 29-годишниот играч од средниот ред играше во Унгарија за екипата на Фехервар (2018-2021), со кој успеа да шампион на таа земја, а потоа го освои и националниот Куп.

За Кишварда веќе настапува еден наш интернационалец, станува збор за младиот 21-годишен напаѓач Марио Илиевски.

Николов претходно играше и за Вииторул Констанца (Романија), Вардар, Лече (Италија), Шериф Тираспол (Молдавија) и ФЦСБ (Романија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот