БНР: Граѓаните на РСМ со постојана адреса во Бугарија повторно се на избирачките списоци, но не гласаат

избори во бугарија
Избори во Бугарија - / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Граѓаните на Република Северна Македонија со бугарско потекло и со постојана адреса во Бугарија се повторно на избирачките списоци, иако со години не гласаат, соопшти БНР од Благоевград.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, во делот во благоевградското село Бело Поле се запишани имињата на повеќе од 8.200 гласачи, за 1.600 повеќе од претходните парламентарни избори.

Според претседателите на секциските комисии Дора Зашева и Антон Василев, се работи за интересно преливање на македонски граѓани со постојана адреса во Бугарија во две соседни села во благоевградско. „Сега има 1.590 гласачи, а на претходните избори имаше 3.200. На претходните избори на 11 јули беа 6.500 сега се 8.235. Де факто овие 1.600 луѓе од Рилци ги преселуваат во Бело Поле”.

Според локалните медиуми, по обемниот увид на обвинителството за нивната регистрација во селото Рилци, тие се намалени за 1.600, а за исто толку се зголемени во Бело Поле, како што може да се види од избирачките списоци.

Околу 25.000 македонски граѓани со бугарско потекло имаат постојана адреса во општина Благоевград, а во областа нивниот број, според неофицијални информации, е над 35.000. Бидејќи не гласаат, тоа влијае само на излезноста, која досега е многу мала.

На претходните парламентарни избори во Бугарија на 11 јули, министерот за внатрешни работи на земјата Бојко Рашков информира за отворени канали за купување гласови преку обезбедување на македонски државјани со бугарско потекло да гласаат на изборите.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот