Блогот на Меган Маркл ќе се рестартира? Еве што е вистина

профимедиа

Кога Меган Маркл се транформираше од глумица во војвотка од Сасекс, мораше да го затвори својот „лајфстајл“ блог наречен „The Tig“.

Денес, две години по затворањето на блогот, но и откако Меркл се појави како уредник-гостин во септемвриското издание на британскиот „Вог“, во странските медиуми почнаа да циркулираат муабети за можноста на рестартување на блогот кој не би бил воден од Меган, туку таа би била само супервизор.

Дали се тоа само гласини? Еве што навистина се случува во моментов.

Списанието „Пипл“ објавија некои гласини поврзани со поранешното хоби на војвотката од Сасекс, меѓу кои и тоа дека пријателот на војвотката, нејзиниот поранешен менаџер Ендрју Мејер, има намера да го уредува поранешниот блог на Меган и да му даде нов живот. Во прилог на оваа гласина оди тоа што Мејер, навистина, ги собрал сите документи кои се потребни за преземањето на некогашниот „лајфстајл“ блог, а тие документи се валидни до 2021.

Мајер, во името на Меган, повторно би го отворил блогот зашто самата војвотка не смее тоа да го направи.

Но, пред да се рашири возбудата околу враќањето на „The Tig“, со надеж дека на него ќе „осамнат“ и фотографии од новиот живот на Меган во Палатата, портпарол на Бакингамската палата изјави дека „војвотката нема никаков план за релансирање на „Тиг“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот