Близначките Смит украле 10.000 евра од нивните баба и дедо: Нивната мајка ги предала на полицијата

Клер и Луиз Смит (25) од Шкотска биле протерани од семејството заради непростлива ароганција и кражба, која систематски ја вршеле со месеци.

Близначките ја изневериле својата баба Марлин (75) во најлошите моменти од нејзиниот живот. Откако дедото Крафорд доживеал срцев удар на почетокот на годината, тие ја искористиле приликата „да се најдат при рака“, па затоа ѝ понудиле на баба им Марлин да ѝ помагаат – да одат во продавницата да ѝ купуваат намирници и да ги плаќаат сметките.

Фото: принтскрин/thescottishsun.co.uk

За време на епидемијата на коронавирусот, сестрите малку по малку ја краделе целата заштеда на баба им и не ѝ носеле потврда за платените сметки и за другите давачки, па за неколку месеци направиле долг за неплатени сметки во износ од 10.000 евра!

Бабата, преокупирана со здравствената состојба на сопругот и полна со доверба во своите внуци, не забележала ништо, но мајката на близначките почнала да се сомнева бидејќи почнале да носат нова облека, чанти и чевли и често да се подновуваат.

Таа ги прашала од каде им се парите за сета таа облека, а тие ѝ кажале дека штеделе. Знаејќи дека Клер и Луиз не се склони кон штедење, таа прво помислила дека украле пари од некои странци. Сомнежот на мајката бил разјаснет и за само неколку дена во разговор со бабата и дедото открила дека тие им даваат пари.

„Никогаш повеќе не сакам да ги видам моите деца. Тие се исфрлени од куќата, двете се мртви за мене. Сè, сè, но по срцевиот удар на дедо им, да го сторат тоа е непростливо“, изјави нивната мајка за „Дејли рекорд“.

Во меѓувреме, таа ги пријавила во полиција и биле уапсени за кражба и сега чекаат исход на суд. Доколку немаат среќа, ќе се соочат со затвор и уште полошо – нов живот без ничија помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот