Блинкен: Загрижени сме за фиктивниот процес и смртната казна за двајцата Британци и Мароканец во самопрогалсената ДНР

Ентони Блинкен /Фото: EPA-EFE/DAREK DELMANOWICZ POLAND OUT

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изрази загриженост поради смртната казна на двајца Британци и еден Мароканец, изречена од судот на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР).

„Сериозно сме загрижени за фиктивното судење во кое беа осудени легитимни борци кои служеа во вооружените сили на Украина”, напиша Блинкен на Твитер.

Тој ги повика Русија и „нејзините сателити” да го почитуваат меѓународното хуманитарно право, вклучително и човековите права и заштитата што им се дава на воените заробеници.

Врховниот суд на самопрогласената ДНР вчера осуди на смрт двајца британски државјани и еден Мароканец за, како што се наведува, учество во непријателства на страната на украинските вооружени сили како платеници. Ден претходно Врховниот суд на ДНР објави дека Британците Шон Пинер и Ајден Аслин и Саудун Брахим, од Мароко, кои се бореле на страната на Украина, делумно ја признале вината. Тие се предадоа во Мариупол во средината на април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот