Блинкен утре во „виртуелна посета” на Мексико и Канада

Ентони Блинкен / Фото: EPA/LYNN BO BO

Американскиот државен секретар Тони Блинкен утре заминува во „виртуелна посета” на Канада и Мексико, соопшти Стејт департментот, посочувајќи дека ваквото патување ги става во преден план здравјето и безбедноста на сите присутни, а го демонстрира значењето на партнерството со нашите соседи и едни од најблиските партнери.

Стејт депертмент наведе дека Блинкен ќе има средба со министрите за надворешни работи и за здравство, Марсел Ребрар и Татјана Клотиер.

-На средбите ќе се дискутира за нашита билатерални односи, заедничката безбедност, предизвиците, регионалната миграција и др. Се предвидува и посета на државниот секретар на граничниот премин Пасо дел Норте што ги поврзува Ел Пасо, Тексас и Сиудад Хуарез, Мексико, се вели во соопштението

По Мексико, Блинкен заминува во виртуелна посета на Канада.

-Во текот на својата посета државниот секретар ќе ги истакне резултатите од средбата на претседателот Џо Бајден со премиерот Џастин Трудо, вклучувајќи ја договорената американско-канадската патна карта.

Блинкен ќе се сретне со премиерот Трудо, министерот за надворешни Марк Гарно и други членови на кабинетот.

Тие ќе дискутираат за заемните приоди на глобалните предизвици како заштита на американските и канадските граѓани од пандемијата и обнова на економиите, активности против климатските промени, за човековите права во западната хемисфера и насекаде во светот и засилување на заедничката одбрана и безбедност, се вели во денешното соопштение на Стејт департментот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот