Блинкен смета дека влезот на Хрватска во Шенген и еврозоната ја прави ЕУ побезбедна и попросперитетна

Ентони Блинкен
Ентони Блинкен / Фото: EPA-EFE/Erin Scott

Пристапувањето на Хрватска во еврозоната и Шенген зоната ја прави Европската унија побезбедна и попросперитетна, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Блинкен на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО разговараше со својот хрватски колега Гордан Грлиќ Радман.

„Денеска важна дискусија со хрватскиот министер за надворешни работи. Го поздравуваме пристапот на Хрватска во еврозоната и Шенген зоната, што промовира побезбедни граници на ЕУ и попросперитетна Европска унија“, напиша американскиот државен секретар на Твитер.

Пред почетокот на разговорите, Блинкен изјави дека доминантни теми на средбата ќе бидат клучната улога на Хрватска во интеграцијата на Западен Балкан со Европа и нејзиното растечко енергетско значење, како и помошта за Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот