Фото: Columbia Pictures/ Capital Pictures / Film Stills / Profimedia

Блејк Лајвли го тужи колегата Џастин Балдони од филмот „Ова завршува со нас“, поради сексуално вознемирување

Блејк Лајвли го тужи својот колега и режисер Џастин Балдони за сексуално вознемирување. Романот „Ова завршува со нас“ од Колин Хувер, откако беше оживеан на големото филмско платно во режија на Балдони, го следат низа скандали во кои се вклучени и двајцата главни актери.

Блејк Лајвли тврди дека Балдони поттикнувал токсична средина на работното место, што вклучувало прикажување експлицитни видеа од неа и голи слики од други жени како и дискусија за неговата наводна зависност од порнографија во минатото, пренесува „ТМЗ“.

Следеа и бројни афери во тужбата дека режисерот ја клеветел Блејк и започнал кампања против неа со цел да ја уништи нејзината репутација, а многумина забележаа дека Блејк и Балдони не беа заедно на премиерата на филмот.

Адвокатот на Балдони, Брајан Фридман, ја опиша тужбата како „лажна, срамота и непристојна со намера јавно да го повреди неговиот клиент“. Тој инсистираше на тоа дека правната постапка е обид на актерката да ја „поправи нејзината негативна репутација“ откако се појавија гласини дека таа се однесувала како ѕвезда на снимањето. А таквото однесување, според него, вклучувало и закани дека нема да се појави на снимање и дека нема да го промовира филмот.

Филмот „Ова завршува со нас“ брзо го привлече вниманието на социјалните мрежи и постигна успех во кината, но го заслужи и епитетот најконтроверзен филм на годината. Секако постојат неколку причини за ова.

Првата причина е конфликтот меѓу главните актери Блејк Лајвли и Џастин Балдони. Социјалните мрежи како ТокТок, платформата Икс и Редит беа преплавени со шпекулации за конфликтот меѓу нив двајца.

Ваквите приказни почнаа да се шират откако многумина забележаа дека Блејк и Балдони не го промовираат филмот заедно, што беше крајно необично.

Она што е интересно е дека тие немаат заеднички слики од промоцијата на филмот. Блејк Лајвли беше среќна што позира со соработниците додека актерот не беше со неа.

Конфликтот наводно настанал затоа што актерот Рајан Рејнолдс, сопругот на Блејк Лајвли, бил вклучен во пишувањето на сценариото. Рејнолдс наводно имал улога во донесувањето креативни одлуки за филмот, што на Балдони не му се допаднало.

Постои сомневање дека славниот пар имал огромно влијание врз филмот, што не му се допаднало на Џастин. Тој не се согласувал со многу од нивните одлуки.

Блејк беше критикувана на социјалните мрежи бидејќи промоцијата на филмот ја искористила за да го промовира својот бренд за нега на коса „Блејк Браун“. Нејзината маркетиншка кампања на филмот беше оспорена и затоа што оваа продукција е претставена како забавна и романтична, а не зборува за важната тема за семејното насилство, која всушност е и суштината на филмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот