Крис Павловски и Доналд Трамп / фото: Фејсбук

Бизнисменот Крис Павловски: Не го организиравме патувањето на владината делегација за инаугурацијата на Трамп

Основачот и сопственик на платформата за видеа „Рамбл“, канадско-американскиот бизнисмен со македонско потекло Крис Павловски, во интервју за „Телма“ вели дека тој и неговата компанија не го организирале патувањето на македонската владина делегација во САД за време на инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп во јануари.

Павлоски, кој во земјава учествува на самитот на иницијативата „Македонија 2025“, на прашањето дали го финансирал патувањето на македонската државна делегација во Америка, одговори:

„Со почит кон македонската влада, ние не го организиравме патувањето во Вашингтон. Тоа не е нешто со што ние се занимаваме, ние водиме видеоплатформа и пренесување стримови и видеа. Ние не сме политичка компанија, не учествуваме таму. Ние сме видеоплатформа.“

Крис Павловски важи за близок до претседателот на САД Доналд Трамп. Компанијата „Рамбл“ пред неколку месеци отвори свое претставништво во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот