Бизарна причина: Непозната жена ѝ фрлила сулфурна киселина на Јована во Калитеа (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Грчката полиција уапсила жена (35) поради тоа што била осомничена дека на 20 мај во Калитеа во Грција на Јована (34) и фрлила сулфурна киселина.

Во куќата на осомничената било пронајдена и перика, но и сим-картичка која ја поврзува со нападот кој се случил во среде бел ден пред една продавница.

Претходно во Атина бил сослушан нејзиниот партнер, за кој се верува дека истовремено бил во врска со двете жени. Тој тврдел дека немал никаков однос со нападнатата Јована, односно дека осомничената „смислила се“.

Тој, како што тврди грчкиот портал „Протохема“, рекол дека осомничената мислела дека нивната врска не напредува, бидејќи тој ја изневерува со жртвата. Мажот кажал дека тоа не е точно, но дека не можел да го докаже на осомничената.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот