Битолското обвинителство сега има Истражен центар
Основното јавно обвинителство Битола доби нов истражен центар кој треба значително да ги зајакне истражните капацитети на обвинителството.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Во последниот период, ОЈО Битола работеше на повеќе тешки и сложени предмети особено од областа на економскиот и финансискиот криминал и сомнителни јавни набавки. Новоформираниот истражен центар треба дополнително да ги зајакне капацитетите за истражување најмногу на овие, но и на други кривични дела”, рече државниот обвинител Љупчо Коцевски, кој го означи стартот на работата на истражниот центар.
Ова е петтиот по ред истражен центар формиран во Јавното обвинителство согласно член 45 од Законот за кривична постапка. Вакви истражни центри веќе функционираат во обвинителствата во Скопје, Тетово, Куманово и во ОЈОГОКК, а државниот јавен обвинител ги истакна нивните досегашни резултати.
„Во истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во моментов се ангажирани над 20 истражители. Благодарение на донациите од нашите странски партнери, пред се од американската амбасада и од Европската унија кои се и денеска тука со нас, тој истражен центар има една од најсовремените лаборатории за дигитална форензика во регионот и опремен центар за аналитика“, рече Коцевски.


