Бистите на хероите од НОБ Амбарче и Мерџан остранети од тетовскиот плоштад пред 17 години, поставени во Музејот на тетовски крај

Фото: Музеј на тетовски крај

Бистите на народните херои Ѓоце Стојчевски Амбарче и Тодор Циповски Мерџан, кои беа отстранети од тетовскиот плоштад во 2007 година се поставени во Музејот на тетовскиот крај, каде ќе може да им се оддаде достојна почит.

Тие се поставени во дворот на самиот музеј во населбата Два Бреста над цврсти постаменти.

Овие две спомен бисти во 2007 година од Општина Тетово без никаква одлука поради реконструкција на градскиот плоштад беа острани.

Тогаш од градската власт, рекоа дека бистите ќе бидат вратени. Но и по 17 години, народните херои не се враќаа во центарот на градот и покрај барањата на Сојузот на борци, повеќе здруженија како и партии.

По 17 години на бистите на хероите од НОБ им се најде достоинствено место за оддавање почит.

Општинските власти ниту ги оддржуваат спомениците кои останаа во градот, нити пак од нивна страна имаше некакви најави за враќање на спомен бистите на двата народни херои од НОБ Ѓоце Стојчевски-Амбарче и Тодор Циповски-Мерџан.

Празникот Илинден за Општина Тетово како да не постои, таа со години го игнорира

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот