Бислимоски: Доколку компаниите се подготвени да работат со загуба, ние за 24 часа ќе ја промениме одлуката за цената на струјата

Нашите одлуки за цената на електрична енергија може да се променат доколку енергетските компании достават барање до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) со нови податоци. Досега компаниите немаат доставено никакви податоци, а доколку достават подготвени сме во рок од 24 часа да ги промениме нашите одлуки, потврди денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

-Ние не смееме да донесеме одлука која ќе ги доведе компаниите до загуба, бидејќи за тоа јас како претседател и членовите на РКЕ кривично ќе одговараме зашто сме работеле спротивно на закон. Со Законот за енергетика е предвидено секоја компанија да оствари свој профит, а нашите одлуки ги држат компаниите во кондиција и да работат на позитивна нула, рече Бислимоски во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Доколку компаниите се подготвени да работат со загуба, додаде, ние сме подготвени во рок од 24 часа по доставување на податоци од компаниите да ги промениме нашите одлуки за цената на електричната енергија. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот