Бирото за развој на образование ги демантираше информациите дека химната е отстранета од новите наставни програми

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Денеска од Бирото за развој на образование беа демантирани информациите кои кружеа во неколку медиуми за тоа дека изучувањето и пеењето на химната се изоставени од новите настани програми.

Од бирото за образование категорично ги негираат овие информации, истакнувајќи дека децата уште во прво одделение се запознаваат со химната на нашата држава.

„Со химната на Република акедонија учениците се запознаваат уште во прво одделение по наставните предмети Општество и Музичко образование, како и во петто одделение каде јасно стои во наставната програма по Општество дека учениците преку интегрирани активности по Музичко образовани и по Ликовно образование ги изработуваат симболите и ја учат химната на Република Македонија (наставна програма од 22.05.2008 година).

Во сите наставни програми по музичко образование и во претходните наставни програми“ и во „новите наставни програми“ во општите цели за наставниот предмет стои: ученикот/ученичката да пее песни со разновидна мелодиска линија, а во конкретните цели (за одделни наставни часови) да пее песни различни по карактер и содржина на македонски јазик и јазиците на народите кои живеат во нашата земја, што остава слобода на наставникот во зависност од контекстот, времето на изведување на наставата, корелацијата со други предмети (поврзано со државни празници, патрони празници итн.) да ја изведува со учениците химната на државата и/или други свечени песни, велат Од Бирото за развој на образованието.

Оваа година Бирото за развој на образованието изготви нови наставни програми по наставниот предмет Музичко образование за шесто, седмо, осмо и деветто одделение, со цел преку слушањето и интерпретирањето на песни од сите заедници што живеат во нашата држава, покрај изучувањето на музиката и творештвото на светските класици, ќе се придонесе кон зближување на учениците и запознавање со вредностите и традициите на различните заедници и култури“ стои во соопштението на Бирото за развој на образование.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот