Бионтек ќе развива нови терапии против карцином во партнерство со британската влада

Британската Влада и германската фармацевтска компанија „БиоНТек” ќе склучат договор, со што ќе го забрза истражувањето на полето на нови терапии против ракот, најави британскиот министер за здравство Стив Баркли.

Тој наведе дека денеска ќе потпише меморандум за разбирање со „БиоНТек” за „најдобрите лекови за рак да им бидат достапни на луѓето што е можно поскоро”.

Тоа значи дека персонализираните мНРА терапии за британските пациенти со рак, вклучително и вакцините против коронавирусот, може да бидат достапни уште оваа есен. „БиоНТек” и „Фајзер” заеднички развија мРНА вакцина против новиот коронавирус.

Во партнерство со британската Влада, „БиоНТек” би можела да достави околу 10.000 дози за третман на рак на британски пациенти до 2030 година.

– Откако ќе се открие ракот, мора да бидеме подготвени да ги понудиме најдобрите лекови и терапија што е можно поскоро, вклучувајќи терапии за рак на дојка, белите дробови и панкреасот, посочи Баркли.

Британските пациенти ќе бидат меѓу првите кои ќе учествуваат во испитувања и тестирања за да развијат насочени, персонализирани и прецизни третмани користејќи нови трансформативни терапии за лекување на постоечките видови на рак и спречување на болеста да се врати.

Овој договор, истакна Баркли, е продолжение на ветувањето на Владата дека ќе издвојува 20 милијарди фунти годишно за истражување и развој, се со цел поефикасно лекување на пациентите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот