Били Ајлиш: Никој не треба да ја има моќта што ја имаме ние, славните!

Instagram
Фото: Instagram

Младата музичарка Били Ајлиш во интервју за британски „VOGUE“ изјави дека никој не треба да ја има моќта што ја имаат славните.

Говорејќи за нејзиниот нов сингл „Your Power“, што е „отворено писмо до луѓето кои експлоатираат други луѓе, воглавно мажи“, Били рече дека повеќе сака луѓето да ја слушаат нејзината песна отколку да се обидат да разберат за кого пее.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)


„Навистина не станува збор за одредена личност воопшто. Можеби ќе помислите: Тоа е затоа што таа доаѓа од музичката индустрија. Не, брате. Тоа е насекаде. Не познавам ниту една девојка или жена која немала некое чудно искуство или навистина лошо искуство. Тоа важи и за мажите, младите мажи постојано се експлоатираат“, истакнала Били, пренесува NME.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)


Таа исто така предупредила дека со славата доаѓа огромна моќ, особено кај мажите. „Постојат многу ранливи луѓе кои би направиле што и да кажете. Тоа лудо е чувство. Никој не смее да ја има моќта што ја имаме ние“, изјавила младата музичарка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот