Бил и Мелинда Гејтс делат богатство од 130 милијарди долари, но еве зошто на децата им оставаат „речиси ништо“

Фото: Cobra Team / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Бил и Мелинда Гејтс соопштија дека се разведуваат после 27 години брак, а едно од првите прашања кое се покрена во јавноста беше на кого што ќе припаѓа од богатството кое се проценува на околу 130 милијарди долари.

Брачниот пар за речиси три декади изгради неверојатно богатство кое вклучува четири куќи, возен парк, приватен авион и скапоцени уметнички дела, па нема сомнеж дека бракоразводната парница ќе биде долга и комплицирана. Меѓутоа, веќе со години е познато дека нивните три деца нема да наследат милијарди.

Основачот на „Мајкрософт“ уште пред неколку години соопшти дека само мал дел од неговото богатство ќе припаѓа на неговите деца – ќерките Џенифер и Фиби и синот Рори.

-Моите деца се многу горди на фактот дека од нашето богатство нема да наследат речиси ништо. Моите деца ќе стекнат образование и ќе мораат самите себеси да си ги изградат кариерите и животниот пат. Толку пари би им ги уништило животите, рече тогаш Гејтс и откри дека во наредните неколку години капиталот кој тој го стекнал ќе биде дониран на неговата хуманитарна организација која има за цел да ја искорени сиромаштијата и болестите во светот.

Од наследството тие ќе добијат минимален дел, колку да не се сиромашни, а за се останато ќе мораат самите да се изборат, рекол Гејтс кој заедно со сопругата Мелинда во хуманитарни цели досега дал повеќе десетици милијарди долари.

Сепак, тоа „речиси ништо“ во светот на милијардерите значи дека секое од трите деца ќе наследи по десет милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Gates (@jenniferkgates)

„Ги делиме домашните работи“

Иако живеат на имот вреден 127 милиони долари во Вашингтон и во свое сопствеништво имаат неколку имоти, нивните родителски методи се слични на оние кои можете да ги видите кај просечните фамилии.

Мелинда неодамна откри дека перењето на садови е заедничка традиција во нивната куќа. Дотаа идеја, како што вели таа, дошла за да докаже дека „неплатените“ домашни работи не би требало секогаш да ги извршуваат жени и за на своите деца да им го пренесе чувството на обврски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот