Библиотека „Филозофија“: Збирка текстови од Бошко Караџов

Издавачката куќа „Аз-Буки“, како 76. книга во библиотеката „Филозофија“, ја објави книгата „Compendium philosophiae“ од професорот по филозофија и научен истражувач д-р Бошко Караџов. Тој е автор на студијата „Парадоксите на индуктивната логика“ (Аз-Буки, 2020), како и на над 50-ина научно-филозофски текстови објавени во домашни и меѓународни филозофски и научни списанија.

Книгата „Compendium philosophiae“ е збирка на филозофски есеи, научно-популарни статии, научни огледи, расправи и други критички текстови од областа на филозофија на политиката, филозофија на јазикот, филозофија на културата и идентитетските теории.

Книгата е поделена во три дела. Во првиот дел со наслов „Онтологија на слободата“ се поместени есеи и огледи од областа на политичката филозофија кои говорат за вредноста на слободата низ призмата на анархо-пацифистичката филозофија, либертаријанската идеологија, марксистичката антропологија и монархизмот. Вториот дел е насловен „Филозофијата и јазикот“ и во него се приопштени критички текстови од областа на филозофијата на јазикот и јазикот на филозофијата. Третиот дел носи наслов „Идентитет, предание и паганска политика“ и во него се вклучени научни расправи и анализи за македонското национално прашање, македонските културни политики и идентитетски стратегии.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 77, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 17-18 април 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот