Би-Би-Си: Лекот дексаметазон може да помогне да се спасат животите на заболените од Ковид-19

Евтиниот и широко достапен лек наречен дексаметазон може да помогне да се спасат животите на пациентите кои се сериозно болни од коронавирусот, јави денеска Би-Би-Си.

Експерти од Велика Британија велат дека лекувањето со мала доза на стероидот е голем успех во борбата против смртоносниот вирус.

Тој го намалил ризикот од смрт кај третина од пациентите на респиратори. Кај оние на кислородна поддршка, ги намалил смртните случаи за една петтина.

Лекот е дел од најголемото тестирање во светот со кое се испитува дали веќе постоечките начини на лекување помагаат и кај коронавирусот.

Истражувачите проценуваат дека ако лекот беше достапен во Велика Британија од почетокот на пандемијата на коронавирусот, можеле да се спасат до 5.000 животи. Со оглед на тоа што е евтин, може да биде од голема корист во сиромашните земји кои се борат со голем број на пациенти со Ковид-19.

Околу 19 од 20 пациенти кои бие заразени со коронавирусот закрепнуваат без да доаѓаат во болница. Од оние што се примени во болница, повеќето исто така закрепнуваат, но на некои може да им треба кислород или механичка вентилација. Ова се пациенти со висок ризик кај кои се чини дека дексаметазонот помага, информира Би-Би-Си.

Лекот веќе се користи за да се намали воспаление кај низа други состојби, и се чини дека помага за да се запрат дел од оштетувањата што можат да се појават кога имунолошкиот систем на организмот претерано реагира додека се обидува да се бори против коронавирусот.

Претерана реакција на телото се нарекува цитокинска бура и може да биде смртоносна.

Во истражувањето, предводено од тим од универзитетот Оксфорд, околу 2.000 болнички пациенти добиле дексаметазон и биле споредувани со речиси 4.000 кои не го добиле лекот.

За пациентите на респиратор лекот го намалил ризикот од смрт од 40 на 28 проценти. За пациенти на кои им бил потребен кислород, тој го намали ризикот од смрт од 25 на 20 проценти.

– Ова досега е единствениот лек што се покажа дека ја намалува смртноста и тоа значително ја намалува. Тоа е огромен напредок, изјави за Би-Би-Си шефот на истражувачкиот тим, професорот Питер Хорби.

Главниот истражувач, професор Мартин Ландреј, вели дека наодите сугерираат оти на секои осум пациенти на кои им требаат респиратори, би можел да се спаси еден живот.

Кај пациентите на кислород, може да се спаси еден живот на секои 20 до 25 ако се третираат со лекот, вели професорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот