Без мост Македонците од Гора се изолирани, МАЕИ апелира да се реконструира

Оштетениот мост кај Штреза поради кој се отсечени Македонците од Гора/Фото: МИА

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) бара од одговорните институции во земјата да преземат итни мерки за помош на жителите од областа Гора, овозможувајќи отворање на обиколница до стариот пат и санација на стариот пат Шиштавец – Коловоз додека се санира и реконструира мостот кај Штреза.

-Испративме барање до премиерот Еди Рама, до министерката за инфраструктура и енергетика, до директор на албанската управа за патишта, како и до префектот на околијата Кукс и до градоначалникот на Кукс, општина под која потпаѓа областа Гора, за итно превземање потребни активности. Исто така ја отсликуваме фактичката состојба, дека од први овој месец како последица на обилните врнежи од дожд и настанатата ерозија, се урна мостот кај Штреза блокирајќи ги селата од административната единица Шиштавец во областа Гора, изјави за МИА, Васил Стерјовски, пртседател на МАЕИ.

Додава дека жителите кои треба да го користат овој патен правец, сега се принудени да го користат двојно подолгиот пат преку граничниот премин Шиштавец-Крушево за да се движат потоа по патниот правец Крушево-Драгаш-Морина-Кукс за да дојдат до Кукс или да одат до Шиштавец, што значи преминување на два гранични премини со Косово, оној кај Шиштавец и кај Морина.

-Одговорните институции сè уште немаат преземено конкретни мерки за санација и реконструкција на мостот, освен што го блокираа движењето со поставување на бетонски блокови од двете страни на мостот. Жителите од областа на Гора се соочуваат со големи тешкотии при патувањето во градот Кукс за да ги задоволат своите витални потреби во снабдувањето со храна, лекови и разни услуги, како и во пласманот на познатите по својот квалитет компири, кои ги произведуваат поголем број семејства се главен извор на егзистенција, посочува Стерјовски.

Инаку, споменатиот мост е дел од патот Кукс-Шиштевац, инвестиција реализирана во 2013 година.

Извор: МИА

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот