БЕЗ МАНА со АНА: Енергетски Колачиња од Ф’стаци и Брусница (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Читателите на нашето печатено издание веќе имаат прочитано за Ана Аврамова. Во текот на минатата година, во неделниот магазин за здрав живот, за прв пат се запознавме со нашата омилена веган-девојка. Ана има 29 години, доаѓа од сончевата Гевгелија, веган е веќе неколку години и за кулинарството има и диплома, а од првиот момент кога ги здогледавме слатките рецепти кои таа сама ги подготвува, веднаш и го доделивме епитетот гастро-уметник!

Минатата недела имавме можност да научиме како да направиме супер брзи и вкусни чоколадни вегански крофни. Оваа недела, учиме како да направиме енергетски колачиња од ф’стаци и брусница! Како и сите претходни рецепти, така и овој рецепт е навистина неодоливо вкусен, вегански и добар за нашето здравје. Не заборавајте да го користите хаштагот #БезМана доколку ги приготвите рецептите, и секако, не пропуштајте ја следната епизода на Без Мана со Ана, само на Слободна ТВ, секој петок во 10 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот