Без мака тешко до нова Влада

Како лидерот на СДСМ Заев ќе се справи со најавите на стариот партнер Али Ахмети за премиер Албанец, допрва клопчето ќе се размотува.

Нов ден со нови погледи кон белата зграда на Илинденска. Изборите завршија, на ред се изборните комбинаторики за формирање на нова влада. Резултатите од 10-те парламентарни избори се такви што секому му даваат шанса да се надева дека ќе биде дел од новата власт.

Последната симулација на Државната изборна комисија врз основа на 96 отсто преброени гласови, покажа дека 46 мандати одат кај СДСМ, 44 за ВМРО, 15 за ДУИ и 12 за коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива. Според досега обработените податоци Левица има два мандати – еден во првата и еден во третата изборна единица, а еден мандат во шестата изборна единица оди кај ДПА.
Со голо око се гледа дека ваквиот распоред на силите овозможува две комбинации за СДСМ и теоретски две за ВМРО-ДПМНЕ.

Првата е, коалицијата „Можеме“ новата влада да влезе со старите партнери ДУИ. Двете партии вкупно би го формирале потребното мнозинството од 61 пратеник. Втората комбинација која е многу тешко за реализирање е во новата владата СДСМ да влезе со коалицијата Алијанса и Алтернатива, плус ДПА и Левица.

Прочитајте и...  Кумановските психијатри порачуваат граѓаните да водат грижа за менталното здравје во услови на пандемија

За формирање на нова влада се подготвува и ВМРО-ДПМНЕ. Вчера од партијата најавија дека влегуваат во трката за ново мнозинство.

Теоретски, и ВМРО-ДПМНЕ би можел да формира мнозинство, доколку постигне договор со ДУИ и Левица или пак, со ДУИ плус ДПА.

Како лидерот на СДСМ Заев ќе се справи со најавите на стариот партнер Али Ахмети за премиер Албанец, допрва клопчето ќе се размотува. Барањето лидерот на владејачкат парија ја нарече уцена. За целиот изборен процес, пак Ахмети говореше дека нема да коалицира со парнер кој не ги прифаќа Преспанскиот и Договорот за добрососедство.

ВМРО- ДПМНЕ за време на целиот изборен процес ловеше гласови дека доколку фомира Влада ќе ги ревидира ваквите договори.

Синоќа претседателот на СДСМ Зоран Заев прогласи победа и рече дека граѓаните го потврдиле патот за напредокот бидејќи победила иднината со научени лекции и со решени големи проблеми. За новите коалициски преговори рече дека треба да се почекаат конечните резултати и дека навреме ќе кажат со кој точно ќе имаат мегдан и со кој ќе прават коалиција.

Прочитајте и...  Нови случаи на Ковид-19 во Грција: 18 лица се заразиле на свадба во Еврос

-Знам дека оваа ваша поддршка пред се е уште една шанса за правда, и верувајте добро знам дека тивкиот глас на многумина од оние кои не излегоа да гласаат е став на кои бараат токму правда. Го слушнав и тој став иако тивок и на тој став му порачувам ќе има правда. Ќе направам се својот став гласно да го кажат веќе на следните избори- рече Заев.

Генералниот секретар Игор Јанушев во своето обраќање рече дека трката е тесна и дека треба да се почекаат финалните бројки.

-ВМРО-ДПМНЕ влегува во трката за формрање на нова Влада затоа што постојаната е истрошена. СДСМ и другпат прогласувала победа и кога губела. Не би сакал да шпекулирам со бројки ќе бидете известени доколку има некоја промена- рече Јанушев.

Прочитајте и...  Џо Бајден за предизборната кампања ќе потроши 280 милиони долари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, синоќа го прекрши досегашното правило по секои избори свое обраќање да има претседателот на партијата. Заев вели дека таквиот однос е резултат на неговиот концепт, национализмот и на идеите за чиста Македонија. Очекува Мицкоски денеска да се обрати и како што рече да го каже она што го очекуваат и во неговата партија.

-Немањето ставови по сите важни прашања во изминатите три години, но немањето ни фер пунуда пред граѓаните, во функцијата во недавањето на одгововир дали навистина имаме нови кавги дома, дали повторно ќе се караме со соседите, дали ќе се враќаме назад од интегративните процеси. Сето ова е причината за поразот, верувам дека утре ќе се обрати до граѓаните- рече Заев.

Прочитај повеќе

Нов транскрипт открива што Клинтон му рекол на Путин за Милошевиќ: Веројатно ќе ги искраде изборите

Слободен печат

Владата го усвои полугодишниот Извештај за извршување на Буџетот

Маријана Митровска

ВМРО-ДПМНЕ ниту ги потврдува, ниту демантира написите на „Лајм“

Слободен печат

Трагичен биланс од експлозијата во Бејрут: Загинаа 135 лица, над 5.000 повредени и стотина исчезнати

Слободен печат

Италија и Шведска имаа целосно различни пристапи, а сега се мирни: Вирусот го држат под контрола додека светот и натаму се бори

Слободен печат

„Лајм“: Eдинствената „задача“ на Мицкоски е да го убеди Апасиев да поддржи влада со премиер Албанец

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ШОК И ЛЕЛЕЦИ ВО ЖИВО: Експлозијата ја турна новинарката на Би Би Си додека разговараше, соговорникот остана збунет (ВИДЕО)

Слободен печат

Метју Палмер: Очекуваме добар и силен партнер во новата влада на Северна Македонија

Слободен печат

Рајанер не ги почитува правилата против коронавирусот, Италија се заканува со запирање на летовите

Слободен печат

Ристиќ: Пластични шишиња и друг отпад со саати и саати течат со Вардар (ВИДЕО)

Слободен печат

Њујорк воведува контролни пунктови на влезовите во градот поради Ковид-19

Слободен печат

Тачи бара Финансиска полиција да истражува трансфер на пари од Иран

Слободен печат