„Бев вљубен во тебе“: Софија Куновска сподели интимна приказна и се прости од Кили
Кирил Поп Христов – Кили, на својствен начин, се простил од актерката Софија Куновска, која објави посебна приказна за него.
Препорачано
„Не можеше да се поздравиш со мене на поубав начин од тој што го избра да се поздравиш пред неколку дена… Патувај со ангелите, драг Кили, и таму отсвири ја и отпеј ја најубавата песна“, објави Софија Куновска, која важи за една од нашите најубави актерки.
Една недела пред да почине Кили, Куновска ја сменила профилната фотографија на Фејсбук, а колегата актер ѝ коментирал на сликата, на нему карактеристичен начин:
„Иста си потполно како кога бев вљубен многу во тебе“, ѝ напишал Поп Христов на Софија Куновска.

Кили почина на 11 март, на 58-годишна возраст, во Еквадор, каде што со семејството се пресели во 2014 година. Тој беше оженет со Гордана Деан Поп Христова, познатата кореографка по танц, со која ја има ќерката Јоана. Кили како своја ќерка ја сакаше актерката Нина Деан, ќерката на Гордана од првиот брак.
Денес, во Македонскиот народен театар, каде што Кили работеше, се одржа комеморација за актерот, а веста од фејсбук-профилот на МНТ ја сподели токму Нина Деан.
Поп Христов е роден на 30 јули 1967 година во Скопје. Дипломирал во 1989 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за актерска игра на Факултетот за драмски уметности, во класата на професорот Љубиша Георгиевски. Од 1993 до 2014 година работеше во Македонскиот народен театар, а потоа повторно се врати во 2018 година.
Во 2014 година, како што самиот изјавуваше, поради притисоци од тогашната власт, со семејството се пресели во Еквадор, каде што остана сè до смртта, но често доаѓаше и во Скопје.
ФОТО | „Фраер со харизма до небото“: Емотивно збогување со Кирил Поп Христов – Кили во МНТ


