Бев со оженети мажи, тоа е нормална работа – Фолкерката не се срами од минатото, вели дека се трудела да биде добра љубовница

фејсбук

Пејачката шокираше многумина со изјавата дека била љубовница, но и тврдењето дека тоа за неа е сосема нормална работа.

Имено, српската пејачка Злата Петровиќ јавно зборуваше за бурното минато, а во една прилика откри како пет години била со оженет маж. Подоцна навела и дека таа повеќе пати била љубовница.

фејсбук

„Се случуваше да бидам со оженети мажи. Тоа е нормална работа. Сите жени кои го кријат тоа, лажат. Во таа приказна бев фер, а водев сметка и да бидам добра љубовница и на тој човек со кој во моментот сум била да му го сочувам бракот. Со сите поранешни љубови и мажи сум останала голем пријател“, изјави Злата за српскиот Курир.

фејсбук

Пејачката не запрела тука, туку изјавила и дека на мажите попривлечни им се неморалните жени.

„Може некој маж да има пет љубовници и никому ништо, а доколку жената има љубовници, тогаш таа е неморална. И жените имаат љубовници, сите го знаат тоа. Оние кои се прават многу чесни, најмногу љубовници имаат“, искрено порача таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот