Бесплатни алатки за помош на малите и средните фирми при воведување иновативни производи

фото: МИА

Пет иновативни алатки со методологија и центар за извонредност им се на располагање на домашните  мали и средни претпријатија како помош при воведување иновативни производи. Алатките се бесплатни и се достапни на веб страницата inoplatforma.eu.  Подготвени се преку регионалната Иноплатформата со финансии од Европската унија, проект во којшто водечка улога имаше Центарот за знаење од државава.

– Истражувањето во рамки на проектот покажаа дека кај малите и средните претпријатија има недостатоци за бизнис моделирање, користење алатки за претставување и реализација на нивниот бизнис модел, визуелизација, во однос на тоа како е конципирана нивната компанија и што  се може да стори на пазарот. Забележеваме и дека не успваат стратегијата лесно да ја преточат во проекти, додека самите проекти за  иновативните производи и услуги  се воведуваат архаично, без план, и многу често не резултираат во зголемени пазарни удели, продажба и профит. Од таа причина ги конципиравме алатките: Иномодел,  Иностратегија, Инофинансии, Инопроект и Инопартнер, со цел да можат да им помогнат на малите и средни  претпријатија успешно да воведуваат иновации, изјави Андијана Богдановска, проект менаџер на Иноплатформа.

Доколку има некој проблем или на малите и средните претпријатија им е потребна посложена поддршка можат да се обратат во центрите за извонредност каде може да консултираат експерт, а имаат ипрототипни студија со 3D печатари и скенери коишто можат да им дадат услуги во делот на првите прототипи за нивните производи.

Оливер Никушев од НСД солушнс, компанија за продажба и сервис на градежни машини информираше дека со помош на алатките успеале да добијат финансиска поддршка од Фондот за иновации.

– Од целосно услужна трговска компанија станавме услужна компанија, развивме модел на универзален нож за градежни машини и булдужери, за којшто претходно имаше увоз на многу различни типови. Направивме еден универзален тип којшто се произведува во државава, изјави Никушев.

Како што оцени Владимир Дуковски, професор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, компаниите можат да имаат трајна корист од алатките, една од послабите точки е немањето искуство, а Фондот за иновации треба побргу и поефикасно да носи одлуки за финансиска поддршка на фирмите.

– Во сегашниот систем кога компаниите се директно префрлени на пазарот, а  непостоењето искуство е една од послабите точки. Државата се обидува со Фондот за иновации и технолошки развој да помогне и треба да се признае дека таа помош навистина им помага како што е случајот со оваа компанија којашто доби финансиска поддршка, но нивниот процес е многу спор. Фондот одлучува со месеци, да не спомнам и со години и во тој период сепак ова се  компании кои понекогаш преживуваат и тоа може да биде многу  критично за нив. Моја сугестија е одлуките да се носат бргу и ефикасно за помош на компаниите, изјави професор Дуковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот