„Беса транс“ организира нови тури за Истанбул, инспекторите уште не направиле надзор

беса транс скопје несреќа (1)
Седиштето на „Беса транс“ / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

И по речиси три недели откако се случи трагичната автобуската несреќа во Бугарија, во која животот го изгубија 45 лица, Инспекторите за транспорт не успеале да направат вонреден инспекциски надзор во агенцијата Беса Транс, која ги превезуваше патниците, бидејќи сопственикот не бил достапен.

Директорот на Инспекторатот за транспорт, Руфат Хусеини, денеска за ТВ24 вели дека доставиле писмен допис до агенцијата со датум и време на вршење на инспекцискиот надзор.

„Вонредниот инспекциски надзор не е извршен бидејќи седиштето на Беса Транс беше затворено. Новиот надзор согласно Законот за инспекциски надзор е закажан со писмен допис до Беса Транс. Исходот дали ќе се изврши надзорот зависи од тоа дали доставата ќе биде успешна, вели Хусеини.

Од МВР велат дека Инспекторатот досега не доставил никакво барање до полицијата во врска со случајот. Во меѓувреме, Бирото за јавна безбедност почнало со вршење контроли на фирмите кои превезуваат патници.

– Бирото за јавна безбедност има отпочнато Оперативна акција на државно ниво, во рамки на која во содејство со други надлежни служби се вршат контроли околу начинот на добивање на целокупната потребна документација, која е неопходно да ја поседуваат фирмите кои вршат транспорт на патници, велат од МВР.

„Беса Транс“, пак, најавува дека продолжува со организирање тури од јануари. Од агенцијата за ТВ24 одговориле дека со турите за Истанбул продолжуваат од јануари, но оти сѐ уште немаат точни датуми за екскурзиите кои ќе ги организираат.

Во автобуската несреќа што се случи на 23 ноември а автопатот Струма во Бугарија, животот го загубија 45 македонски државјани, кои се враќаа од екскурзија во Истанбул, организирана од „Беса Транс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот