Берлин добил потврда од две европски лаборатории – Навални е отруен со новичок

Германската Влада денеска соопшти дека две специјализирани лаборатории во Франција и Шведска потврдиле оти рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е отруен со нервен агенс новичок.

Претходно, присуството на таа супстанца кај Навални потврди и германска воена лабораторија.

Портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт, денеска изјави дека примероци се испратени и до Организацијата за забрана на хемиско оружје и оти ќе ги тестира во нејзините референтни лаборатории.

– Ја повикуваме Русија уште еднаш да се изјасни за овој случај. Ние сме во близок контакт со нашите европски партнери за понатамошни чекори, додаде тој.

На Навални му се слоши на 20 август во Русија, во авион, по што беше префрлен во Германија, каде од тогаш е на лекување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот