Беретини поуспешен од демотивираниот Тим

twitter/ATP Tour

Италијанецот Матео Беретини во третиот меч дојде до првата победа во дебитантскиот настап на завршниот Мастерс турнир во Лондон откако го совлада Доминик Тим во два сета со 7:6,6:3.

Овој натпревар немаше никаква натпреварувачка важност бидејќи Беретини ги загуби два дуела, додека Тим со победите над Роже Федерер и Новак Ѓоковиќ, веќе си обезбеди пласман во полуфиналето и тоа како првопласиран во групата Бјорн Борг.

Во таква ситуација, се чини дека поголема желба за победа имаше Италијанецот и сосема заслужено дојде до победата. Во првиот сет, Беретини при 5:4 сервираше за сет, но дозволи Тим да направи брејк и дуелот да го однесе во тајбрејкот. Во него, Италијанецот поведе со 4:0 и рутински дојде до 7:3 за водство од 1:0 во сетови.

Во вториот сет, Беретини прв дојде до брејк во шестиот гем (4:2) и предноста ја задржа до крајот на сетот кој го доби со 6:3.
Вечерва од 21 часот во вториот натпревар ќе играат Ѓоковиќ и Федерер и победникот ќе биде вториот полуфиналист од групата Бјорн Борг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот