Бензема дефинитивно заминува од Ал-Итихад, веќе се договорил со новиот клуб
Легендарниот француски напаѓач Карим Бензема, според сите најави, ќе го напушти Ал-Итихад по две и пол години минати во клубот и кариерата ќе ја продолжи во редовите на лигашкиот ривал Ал-Хилал.
Препорачано
Бензема пристигна во Саудиска Арабија во летото 2023 година, но неговиот престој во Ал-Итихад ќе заврши пред истекот на договорот, откако пропаднале преговорите за продолжување на соработката, пренесува „Јаху спортс“.
Трансферот го потврди и познатиот италијански фудбалски инсајдер Николо Шира. Договорот на Бензема со Ал-Итихад истекува на крајот од тековната сезона, а во изминатите недели се водеа интензивни разговори за негово продолжување. Сепак, двете страни не успеале да најдат заеднички јазик, бидејќи искусниот напаѓач не бил задоволен од понудените услови.
Според шпанскиот „Диарио АС“, донесена е одлука за итно разделување со цел Ал-Итихад да заштеди на исплатата на платата за преостанатите месеци од договорот. Се очекува Бензема веќе во наредните часови да му се приклучи на својот нов клуб.
🔜 Done Deal and confirmed! Karim #Benzema to #AlHilal from #AlIttihad. Contract until 2027. #transfers https://t.co/eMbryCLF05
— Nicolò Schira (@NicoSchira) February 2, 2026


