Бен Волас се повлекува од министер за одбрана на Британија

Бен Волас / Фото: ЕПА

Британскиот министер за одбрана Бен Вoлас испрати писмо со оставка до премиерот Риши Сунак по четири години на функцијата.

Ова се наведува во документот објавен денеска од Владата на Велика Британија.

Британскиот премиер Риши Сунак денеска треба да соопшти кој ќе биде нов министер за одбрана на Велика Британија, јави Би-Би-Си.

Бен Валас, кој беше министер за одбрана изминатите четири години, денеска поднесе оставка, откако минатиот месец соопшти дека ќе ја напушти функцијата при следната реконструкција на кабинетот.

Во изјавата за оставката, Валас вели дека неговите воени и политички кариери биле „личен данок за него и неговото семејство“.

– Министерството за одбрана што го напуштам сега е помодерно, подобро финансирано и посигурно од организацијата што ја презедов во 2019 година, нагласи тој.

– Искрено верувам дека во текот на следната деценија светот ќе стане понесигурен, подвлече Валас.

Риши Сунак изјави дека Валас работел на „најсложените позиции во владата“ и изрази благодарност и почит за неговата работа.

Високи претставници на конзервативците изјавиле дека потенцијални наследници на Валас се министерот за вооружени сили Џејмс Хепи и главниот секретар на Министерството за финансии Џон Глен.

Британската Влада не ги коментира информациите за тоа кој ќе биде нов министер за одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот