ВИДЕО | Белграѓанки унаказени во козметички салон: Изгледаме како жртви на пожар

Instagram

Застрашувачки фотографии на унаказени жени во Србија кружат по социјалните мрежи, на кои се гледаат лица со лузни и изгореници.

Деновиве на социјалните мрежи кружат застрашувачки фотографии од унаказени лица на белграѓанки, кои по т.н. бразилски естетски зафати во еден салон за убавина добиле красти, лузни и изгореници.

Неколку жени веќе излегоа во јавноста со своите лица и јавно ја обвинија сопственичката на салонот за убавина.

Отидов во козметичкиот салон да го намалам носот со ласер и малку да ги кренам веѓите кај сопственичката, која се претставува како докторка и која на социјалните мрежи ја рекламираа sвездите во регионот, а излегов со рани, унаказена и со целосно изгорена кожа на лицето. Судскиот вештак рече дека нашите изгореници се како да сме поминале низ пожар и дека сега сме изложени на висок ризик од рак на кожата. Лузните не можат никогаш да се отстранат целосно и ќе морам да носам маска до крајот на животот – раскажува за српски „Курир“ една од жените, која по таканаречените бразилски естетски зафати добила страшни красти и лузни што не поминуваат.

Заедно со уште четири девојки, одлучила реши да ја бара правдата на суд.

И јас и другите жени со месеци ја следевме работата на сопственичката на салонот на социјалните мрежи, видовме и дека добила награда за претприемачка на годината, дека сите ја фалат. Ми рекоа дека третманот се прави со ласер и дека таа е лекарка, иако подоцна се покажа дека е во прашање третман со плазма пен, кој инаку може да се прави само во болница, и дека жената по професија е геодет или математичар. По пет часа болен третман, кој го платив речиси 2.000 евра и кој го преплаќав, излегов со целосно искасапено лице – вели оваа жена.

Таа наведува дека по третманот, очите не можела да ги отвори седум дена, а и не можела да јаде два месеца.

Целиот епидермис на мојата кожа беше отстранет, и со текот на времето, почнаа да се формираат болни лузни, т.н. келоиди. Тие можат да се санираат само 70 отсто и до крајот на животот сега ќе носам маска и ќе живеам во страв од рак на кожата – истакнува жената. Таа додава дека и други девојки кои имаат слично страшно искуство со истата ординација, која постои во Белград и во Бања Лука, секојдневно им се јавуваат преку социјалните мрежи, а спомнатата лекарка дури држи и едукации на оваа тема. Кога и со другите оштетени девојки се обидела да ѝ се обрати на жената која им ги правела „третманите“, добиле обвинувања дека не ги почитувале препораките во текот на закрепнувањето и на крајот биле блокирани.

Белграѓанките отвориле профил на Инстаграм каде што секојдневно објавуваат фотографии со унказените лица по зафатот за да ги предупредат другите жени.

Што е плазма пен и за каков третман станува збор:

– Третман што се користи за пополнување на брчките;

– Се изведува со апарат во форма на молив кој има игла;

– Создава микроповреди кои го стимулираат производството на колаген и еластин;

– Се нанесуваат кремови за анестезија;

– Иглата мора да биде оддалечена еден до два милиметри од кожата со растојание помеѓу микроповредите;

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот