Белград ризикува санкции поради купувањето на ракетниот систем „панцир“

Фото: Профимедиа

Од Европската унија претходно е соопштено дека за напредок на патот кон евроинтеграциите „потребно е Србија да ја усогласи својата надворешна политика со надворешната политика на ЕУ, во склоп со преговарачките рамки“.

„Ги повикуваме сите наши сојузници и партнери да се откажат од трансакциите со Русија кои би можеле да доведат до воведување на санкции под Законот за спротиставување на американските противици низ санкции (CAATSA)“, соопшти Стејт департментот, коментирајќи ги испораките на првиот дел на рускиот противвоздушен систем „панцир С“, кој минатата сабота од Русија стигна во Србија.

– Во разговор со високи владини официјални лица повеќе пати изразивме загриженост поради купувањето на руска воена опрема од страна на Србија, вклучувајќи и купувањето на системот „панцир“ – наведе портпаролот на Стејт департментот за „Гласот на Америка“.

Од Европската унија претходно е соопштено дека за напредок на патот кон евроинтеграциите „потребно е Србија да ја усогласи својата надворешна политика со надворешната политика на ЕУ, во склоп со преговарачките рамки“.

– Владата на Србија интеграцијата во ЕУ ја означи како стратешки приоритет на државата. Очекуваме така и Србија да се однесува, во склоп со обврските кои ги презема – соопшти Петер Стано, портпарол на високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел.

Поради се почестите набавки на вооружување од Русија, специјалниот претставник на американскиот државен секретар за Западен Балкан Метју Палмер во 2019 година изрази загриженост на САД поради присуството на руската воена опрема во Србија. Тогаш првпат ги спомена зборовите „санкции“, како и можната реакција на САД за тоа што Србија купува оружје од Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот