Белата куќа смета дека Израел прави напори да го намали бројот на цивилни жртви во Газа

Џон Кирби/ Фото ЕПА

Белата куќа денеска објави дека Израел „вложува напори“ да го намали бројот на цивилни жртви во Газа од обновувањето на конфликтот по седумдневниот прекин на огнот, а во момент кога се засилија повиците од меѓународната заедница за заштита на палестинските цивили.

– Сметаме дека тие беа приемчиви за нашите пораки да се минимизираат цивилните жртви. Во нашите разговори со нив тие рекоа дека се согласуваат оти намалувањето на цивилните жртви и минимизирањето на штетата на цивилната инфраструктура е важно за нив, дека тие го разбираат тоа – изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби за Ен Би Си.

Според Кирби, израелската војска ја продолжи офанзивата во северниот дел на Газа „на помал и попрецизен начин“, посочувајќи дека Израел во изминатите два дена објави и онлајн мапа која прикажува каде цивилите можеа да избегаат од борбите и да најдат засолниште.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин вчера предупреди дека Израел ризикува „стратешки пораз“ во Газа ако не направи повеќе за заштита на цивилите.

Потретседателката на САД Камала Харис, пак, во изјава за новинарите на климатската конференција во Дубаи, порача дека Израел има право да се брани, но важно е како го прави тоа.

– Соединетите Држави се недвосмислени: мора да се почитува меѓународното хуманитарно право. Убиени се премногу невини Палестинци. Искрено, размерите на цивилното страдање и сликите и видеата кои доаѓаат од Газа се поразителни – рече Харис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот