Белата куќа повикува на мирни студентски протести против војната во Газа

Белата куќа  повика на мирни студентски собири за поддршка на Газа, што ги има се повеќе во изминатите денови на американските универзитети. На собирите за време на викендот беа приведени 275 лица.

„Го почитуваме правото на мирни протести. Сепак, ги осудуваме антисемитските изјави кои се слушнаа неодамна, како и говорот на омраза и заканите за насилство“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби за американската телевизиска мрежа Еј-Би-Си.

Движењето на пропалестинските американски демонстранти е зголемено во последните денови, по првиот таков митинг одржан на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Студентите кои протестираат против војната во Појасот Газа бараат факултетите да ги прекинат финансиските врски со Израел и да се дистанцираат од компаниите што го поддржуваат конфликтот.

Во текот на викендот, 100 луѓе беа уапсени на кампусот на универзитет во Бостон, 80 на Универзитетот во Мисури, 72 на Универзитетот во Аризона и 23 на Универзитетот во Индијана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот