Белата куќа: Акциите на Талибанците нема да им го донесат она што го бараат

Белата куќа / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Последните акции на Талибанците нема да им помогнат да добијат меѓународен легитимитет, соопшти денеска Белата куќа, откако бунтовниците од таа милитантна група го убија шефот на владиниот медиумски и информативен центар во Кабул.

„Нашиот став е дека ако Талибанците тврдат дека сакаат меѓународен легитимитет, овие дејствија нема да им го донесат легитимитетот што го бараат“, изјави портпаролката на Белата куќа, на прес -конференција за актуелната ситуација во Авганистан, пренесе Ројтерс.

Тие не мора да продолжат по овој пат, посочи таа и додаде дека можат да изберат да ја посветат истата енергија на мировниот процес како што се посветуваат на воената кампања.

Талибанските борци го убија шефот на владиниот медиумски и информативен центар, Дејв Кан Менапал, во главниот град Кабул, во најновата серија на убиства со цел да ја ослабнат демократски избраната влада на претседателот Ашраф Гани, јави агенцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот