Бела Торн за „Disney“: Вршат притисок врз децата да бидат совршени
Поранешната ѕвезда на „Disney“, Бела Торн ја обвини кинематографската куќа за стандардот што наводно го наметнува.
Препорачано
„Дефинитивно се врши голем притисок врз децата да бидат совршени. И мислам дека токму тука е грешката на „Disney“, затоа што ги прикажува на екраните како совршени“, изјави 23-годишната
ѕвезда за „Fox News“.
View this post on Instagram
„Таа слика многу тешко се постигнува, јас никогаш не бев совршена. Само сакам да го правам она што никој друг не го прави. Децата не треба да гледаат совршени луѓе. Тие треба да ја видат реалноста, различноста и интригите“, вели таа.
Актерката се прослави преку хитот на „Disney“ насловен „Shake it up“ заедно со Зендаја, но изгледа дека повеќе не ја поддржува куќата што ја „пушти“ во актерските води.
View this post on Instagram
Ѕвездата не е срамежлива кога станува збор за споделување на нејзината провокативна страна и воошто не се плаши да споделува детали од нејзината интимност на социјалните мрежи.
„Се чувствувам навистина сигурна во својата сексуалност“, вели Торн.
Бела минатата година го сруши рекордот на сајотот „OnlyFans“ заработувајќи повеќе од 1 милион американски доалри во само еден ден, а на својот инстаграм-профил често објавува и провокативни содржини.


