Бектеши: Изјавата на Ибраими е несериозна, ДУИ им нуди на граѓаните програма

Крешник Бектеши /Фото: МИА

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конфернеција, коментирајќи ги изјавите на пратеникот Зекирија Ибрахими од Алтернатива за Албанците околу распределбата на секторите во Град Скопје, истакна дека Демократската унија за интеграција „ветува проекти, а не директорски позиции”.

– Околу изјавите на Ибрахими за распределбата на секторите во рамки на Град Скопје, доколку добие независната кандидатка, дека тие во тој случај имале некаков договор да раководат со „Комунална хигиена” и мислам ЈП „Паркови и зеленило”, сакам да кажам дека ДУИ на изборите на 17 октомври излезе со програма за тоа што им нуди на граѓаните. Ние на граѓаните им нудиме програма, нудиме услови како да се подобри нивниот живот, а не дали одреден функционер од ДУИ би бил директор на некоја институција, потенцираше Бектеши.

Тој, изјавите на Ибрахими ги оцени како несериозни и, како што рече, тоа го утврдија и граѓаните на 17 октомври кога ДУИ во делот на листата на советници доби 26 000 гласови во однос на Алијансата за Албанците, за која, како што рече, не знае дали надминала 11 000 гласови „што би можело да биде резултат 3:1″.

Извор: МИА

Ибрахими: Во рацете на Мицкоски е формирањето на ново мнозинство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот