Бектеши ги повика граѓаните да пријават неправилности со цените кај трговците

Крешник Бектеши
Крешник Бектеши / Фото: Скриншот, Фејсбук

Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика граѓаните да пријават неправилности со цените кај трговците.

„Ги повикувам граѓаните да пријават на бесплатниот телефонски број 191 на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во случај на драстично зголемени цени на основни прехранбени производи. На оваа бесплатна телефонска линија сите граѓани можат да пријават неправилности кај трговците кои што не ја почитуваат Одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи“ напиша на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што вели министерот, согласно Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало која што е објавена во Службен весник, започнувајќи од 06.12.2021 година се замрзнуваат цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало на:

– леб;

– шеќер;

– брашно – тип 400;

– сончогледово масло за јадење;

– трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%;

– свежо месо и сувомеснати производи;

– сирење и урда

Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година, напиша министерот Бектеши на својот Фејсбук профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот