Беџети: Блокадата на Собранието може да предизвика економска стагфлација

академик Абдулменаф Беџети / Утрински брифинг

Економскиот експрет професорот Абдулменаф Беџети смета дека блокадата на работата на Собранието од страна на опозицијата може да предизвика стагфлација. Според него, заканите на опозицијата треба сериозно да се земат предвид и да не бидат целосно игнорирани.

– Во услови на двојна економска криза, сè уште без надминување и закрепнување на економијата од пандемијата, како и поради руската агресија кон Украина, влегуваме во енергетската криза и следствено на инфлаторната и нарушување на синџирот на снабдување со примарни ресурси и производи, што истовремено влијае на опстанокот на семејствата и индустријата. Доколку во овие околности започне ескалацијата на процесот на политичката криза во земјава, тешката економска состојба несомнено уште повеќе ќе се влошува и отежнува. Тоа ќе влије и на стапката, веќе корегирана на економскиот раст за оваа година од околу 2,7% и може да предизвика стагфлација, изјави Беџети за „Слободен печат“.

Тој смета дека заканите од опозицијата треба сериозно да се земат предвид и како што вели, барем да не бидат целосно игнорирани, туку да започне процес на конструктивни и неуценувачки разговори.

– Мислам дека не треба да се однесуваме во стилот само „едно парче да го изгори од јорганот“. Внатрешната политичка криза може да има уште полошо влијание од војната на растојание од 1000 километри, нагласи Беџети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот