Бебе пронајдено фрлено во канта во авион – мајката негирала дека го родила на летот

Бебе пронајдено живо во канта за отпадоци во авион на Маврициус Ер/Фото: Инстаграм

На аеродромот во Маврициус  персоналот пронајде новородено машко бебе оставено во корпата за отпадоци во тоалетот на авионот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BBC News (@bbcnews)

20-годишна жена од Мадагаскар, осомничена дека се породила на летот, била уапсена откако првично негирала дека бебето е нејзино, но лекарскиот преглед потврдил дека таа штотуку се породила.

Службениците на аеродромот дошле до откритието кога го прегледале авионот на Маврициус Ер за рутинска царинска проверка, јавува Би Би Си.

Тие итно го однеле бебето на лекување во јавна болница, од каде соопштија дека новороденчето е во добра состојба.

Жената била ставена под полициски надзор во болницата и наводно е во добра здравствена состојба.

Инаку, македонската јавност беше видно потресена пролетта 2016 година кога дозна дека апсолвентка од Економскиот факултет во Скопје на пат кон Прага, каде одела со колегите на екскурзија се породила на Граничниот премин Табановце и бебето го фрлила во корпа за отпадоци.

Тамара И., тогаш 23-годишна своето женско бебе го родила во службениот тоалет на Табановце и како ништо да не се случило, влегла во автобусот и продолжила кон финалното одредиште – Прага, за да ја финишира апсолвентската ексурзија. Бебето е родено живо, но починало потоа. Можело да се спаси ако соодветно во болнички услови било третирано при раѓањето, рекоа истражните служби, а Тамара доби кривична пријава за кривично дело „убиство на дете при пораѓање“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот