Барселона му должи цело богатство на Лео Меси!

Фото: EPA-EFE/ALBERTO ESTEVEZ

Лионел Меси ќе ги заработи преостанатите 33 милиони евра од бонусот за лојалност во Барселона, без оглед дали ќе остане на „Камп Ноу“.

Актуелниот договор на Меси истекува на крајот на сезоната, а тој може да се одлучи за слободно заминување следното лето, по неуспешните обиди да направи трансфер минатото лето.

Според странските медиуми, Барселона ќе мора да му исплати на својот најдобар играч бонус за верност од 33 милиони евра, дури и доколку Аргентинецот реши да го напушти клубот.

„ЕСПН“ тврди дека условите на договорот, кој Меси го потпиша уште во 2017 година, вклучија вкупно 66 милиони евра бонуси за лојалност. Му беше исплатена половина од тој бонус во февруари, а другиот на крајот на овој договор, односно во јуни 2021 година.

Фото: Лионел Меси (Барселона)/EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Иднината на 33-годишниот Аргентинец во Барселона виси во воздух и не е исклучено ова да биде негова последна сезона во дресот на каталонскиот гигант.

Тој одлучи и мораше да остане по неуспешниот обид да замине во Манчестер сити, но на крајот од оваа сезона станува слободен. Кој знае, може да се случи Барселона да остане и без Меси и 33 милиони евра за едно лето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот